8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарио Гомез донесе три поени за Штутгарт (видео)

Марио Гомез донесе три поени за Штутгарт (видео)

Ветеранот Марио Гомез постигна два гола за да ја продолжи одличната низа на Штутгарт со гостинска победа од 1:2 над Фрајбург.

Гомез уште во четвртата минута на „Шварцвалд“ стадионот ја замолчи домашната публика, откако по слободниот удар на Денис Аого беше највисок во шестнаесетникот на домаќините. Фрајбург успеа да израмни во 53. минута преку Нилс Петерсен, пред во 75. минута, Гомез најдобро се снајде во шестнаесетникот за 11 победа на Штутгарт оваа сезона во Бундеслигата.

Штутгарт немаат пораз во осум првенствени дуели и се искачија на осмото место пред комплетирањето на 27. коло. Фрајбург останува на 14. место со 30 поени, само пет над зоната за испаѓање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП