28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА одлучи: ВАР ќе се користи на Мундијалот!

ФИФА одлучи: ВАР ќе се користи на Мундијалот!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) потврди дека на Светското првенство во фудбал во Русија ова лето ќе се користи ВАР системот за видео-помош на судиите. Ова го потврди претседателот на федерацијата Џани Инфантино и оваа одлука сигурно ќе предизвика многу дискусии.

„Ќе го имаме првото Светско првенство со видео помош за судиите (ВАР). Ова е веќе одобрено од ФИФА и ние сме задоволни од одлуката. Ова е клучна и историска одлука за нашиот спорт“, изјави Инфантино.

Користењето на ВАР системот претходно беше одобрено од ИФАБ (Интернационалниот борд на фудбалски федерации), тело кое од 1886 година ги одредува правилата на спортот. Системот дозволува судиите надвор од теренот да ги разгледуваат спортните одлуки и веќе се користи во неколку европски лиги со променлив успех – во Бундеслигата и во Серија А, а беше тестирано и во дел од натпреварите од англиските купови.

Инфантино објаснува дека ВАР ги намалило судиските грешки драстично.

„Тестирањето ни покажа дека ВАР дефинитивно помага на судиите и така ќе имаме потранспарентен и пофер спорт. Не е можно во 2018, кога сите на стадионот или во своите дневни соби знаат кога судијата згрешил, да го оставиме судијата да трпи за таа грешка“, додава Инфантино.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП