28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПенезиќ и Хмирова потпишаа за Шиофок

Пенезиќ и Хмирова потпишаа за Шиофок

Ракометарките на Вардар, Андреа Пенезиќ и Татјана Хмирова, по завршувањето на кариерата, ќе продолжат во Унгарија, во екипата на Шиофок.

Двете ракометарки со Шоифок потпишале едногодишни договори, објави клубот на својата интернет-страница.

Пенезиќ и Хмирова само го продолжија егзодусот што се случува во ЖРК Вардар кога раководството објави дека од наредната сезона буџетот ќе биде значително намален и дека шанса ќе добијат млади македонски ракометарки.

Покрај Пенезиќ и Хмирова, нови клубови за наредната сезона веќе си најдоа Александра Лакрабер (Флери), Андреа Лекиќ, Драгана Цвијиќ, Јованка Радичевиќ (ЧСМ Букурешт), Амадин Лејно (Ѓер), Сара Ристовска (Крим), а Барбара Лазовиќ доправа ќе одлучи дали ќе се врати во татковината, во Крим, или ќе се пресели во Мец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП