29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ5 опасни апликации кои треба веднаш да ги деинсталирате од телефонот

5 опасни апликации кои треба веднаш да ги деинсталирате од телефонот

Сметате дека прават „чуда“ за вашиот телефон, но всушност, тие предизвикуваат само проблеми.

Со оглед на огромниот број на апликации кои секојден се појавуваат, дури ни „Google“ не може да ги проследи и провери колку се безбедни.

Затоа, безбедноста на уредот првенствено зависи од вас и поради тоа би требало да размислите добро пред да одлучите да инсталирате некоја од овие апликации:

1. Апликации за временска прогноза

Овие апликации се многу популарни, но голем број од нив содржат вируси. Само за пример, постоеше една во која се наоѓал вирусот „Тројански коњ“, а кој ги собирал податоците од телефонот и им ги испраќал на хакерите кои биле заинтересирани за детали поврзани со кредитните картички на корисникот.

2. Друштвените мрежи

Во овој случај, хакерите немаат никаква врска, туку би требало да ги деинсталирате затоа што трошат многу енергија и така ја празнат батеријата на телефонот. На многу корисници на „Facebook“ им е полесно да ја отвораат оваа друштвена мрежа преку прелистувач, отколку кога ја користат апликацијата.

3. Апликации кои го „оптимизираат“ телефонот

Овие апликации ветуваат дека ќе ви го исчистат „кешо“, ќе ги избришат непотребните програми и ќе го забрзат телефонот. Меѓутоа, бројните модерни телефони веќе доаѓаат со овие функции поради тоа тие апликации се непотребни. Притоа, овие апликации ја трошат батеријата, не го забрзуваат системот и како бонус добивате реклами.

4. Апликации кои го зголемуваат „RAM“-от

Доколку ова ви звучи премногу добро за да биде вистина, тогаш не грешите.

Станува збор исто така за оптимизатори кои привремено можат да ги избришат „cache“ фајловите, а тоа вашиот телефон може да го стори и сам. Работата е во тоа што неможете да го зголемите „RAM“-от кој го има телефонот, а овие апликации не само што ги трошат ресурсите кои ги имате на располагање, туку многу лесно можат да ги собираат и вашите приватни податоци.

5. Апликации за дефрагментација

Овие апликации станаа популарни затоа што нивните креатори успеаа да ги убедат луѓето дека работат исто како и сличните програми за компјутери. Но на смартфоните не постојат „хард дискови“ кои можат да бидат дефрагментирани. Затоа овие апликации можат само да анализираат колку одредени апликации употребуваат простор. Притоа, тие само ги трошат ресурсите на телефонот и можат соберат вашите лични податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП