3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоради фрактура заврши сезоната за Фелипе Луис

Поради фрактура заврши сезоната за Фелипе Луис

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Фелипе Луис, поради фрактура на фибулата ја заврши сезоната, а под знак прашалнике е неговиот настап на Светското првенство во Русија.

Левиот бек се повреди во четвртокот, во Москва, на осмина-финалниот реванш во Лига Европа против Локомотив.

Фелипе Луис во второто полувреме успеа да спаси сигурен гол на противникот, кога дби силен удар од напаѓачот на Локомотив Едер.

Атлетико на својата официјална интернет страница ја потврди повредата на Фелипе Луис.

„Со дополнителните лекарски прегледи ќе биде утврдено колкава пауза го очекува Фелипе Луис“, се вели во објавата.

Искусниот 32-годишен лев бек во кариерата покрај за Атлетико играл во Фигуеренсе, Ајакс, Реал Мадрид Б, Депортиво и Челси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП