15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТрип-дабл за Јокиќ, Шариќ ја раздвижи Филаделфија, нов пораз на Кливленд (видео)

Трип-дабл за Јокиќ, Шариќ ја раздвижи Филаделфија, нов пораз на Кливленд (видео)

Никола Јокиќ од Денвер и Бен Симонс од Филалделфија забележаа трипл-дабл во победите на своите тимови, а Кливленд запиша нов пораз на турнејата по Западот.

Јокиќ осмиот трипл-дабл во сезоната го забележа во победата на Денвер над Детроит 120:113. Српскиот центар натпреварот го заврши со 23 поени, 12 скока и 10 асистенции.

Детроит го предводеа Андре Драмонд (21 поен, 17 скока) и Блејк Грифин (26 поени, 9 асистенции).

Двоцифрени бројки во три статистички категории имаше и бекот на Филалдлефија, Бен Симонс. Во победата над Њујорк 118:110 тој забележа 13 поени, 12 скока, 10 асистенции. Најефикасен кај Филалделфија беше Џоел Ембид со 29 поени, а клучен човек во триумфот беше Дарио Шариќ. Хрватот ја поведе серијата 15:2 во последната четвртина со која Филаделфија го реши прашањето за победникот. Шариќ на крајот имаше 21 поен и 12 скока.

Лидерот во Источната конференција Торонто во последната четвртина ја скрши Индијана и ја забележа 50. победа во сезоната. Демар Дерозан со 24 поени и Јонас Валанчунас со 16 поени и 17 скока беа најзаслужни за победата на Торонто.

Кливленд ја продолжува лошата серија, со што во прашање го доведува освојувањето на четвртото место на Истокот. Леброн Џејмс одново блескаше (35 поени, 14 скока, 6 асистенции), но не можеше сам да го спречи Портланд да ја забележи 11. победа едноподруго.

Портланд го предводеа Демијан Лилард со 24 и Си Џеј Мекалумс со 29 поени. Портланд е трет на Западот со 42 победи и 26 порази.

Резултати:

Индијана Пејсерс-Торонто Репторс 99:106
Атланта Хокс-Шарлот Хорнетс 117:129
Њујорк Никс-Филаделфија 110:118
Хјустон Рокетис-ЛА Клиперс 101:96
Мемфис Гризилс-Чикаго Булс 110:111
Сан Антонио Спарс-Њу Орлеанс Пеликанс 98:93
Денвер Нагетс-Детроит Пистонс 120:113
Јута Џез-Феникс Санс 116:88

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП