27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГатузо: Судиите грешат исто како и фудбалерите

Гатузо: Судиите грешат исто како и фудбалерите

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, не сакал да го коментира судењето на натпреварот со Арсенал во Лондон. Милан, во четвртокот, беше поразен од Арсенал 3.1 во осмина-финалниот реванш, во Лига Европа. Гатузо само потенцирал дека е горд на своите играчи.

Милан постигна гол во првиот дел преку Чалханоглу, а само неколку минути подоцна Арсенал израмни од непостоечки пенал. Во второто полувреме Џака погоди по грешката на Донарума, а Велбек стави точка на мечот.

„Горд сум на моите играчи. Овој двомеч ние го загубивме на Сан Сиро. Лут сум само поради тоа што се откажавме откако го примивме вториот гол. Не сакам да го коментирам судењето. И судиите можат да погрешат, исто како што тоа го прават фудбалерите. Дунарума мора да ја подигне главата и да продолжи понатаму. Најголемите светски голмани прават грешки, кава што направи Донарума“, рекол Гатузо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП