5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Ѕверско“ забивање на Леброн во дуелот со Нуркиќ (видео)

„Ѕверско“ забивање на Леброн во дуелот со Нуркиќ (видео)

Суперстарот на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс, имаше спектакуларно забивање на натпреварот во Портланд. „Жртва“ беше центарот од БиХ, Јусуф Нуркиќ.

Леброн во Орегон забележа 35 поени, 14 скока, 6 асистенции, но сам не можеше да го спречи поразот 113:105.

На почетокот на мечот Леброн на постер го стави Нуркиќ, потег што на нозе ја крена американската јавност.

„Мислам дека во соблекувалната се уште е вреќата со телото на Нуркиќ…Тоа беше жестоко, беше болно. Беше лудо, едно од најдобрите забивања во историјата“, рекол по мечот соиграчот на Леброн, Џордан Кларксон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП