25 јуни, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико се „прошета“ во Москва (видео)

Атлетико се „прошета“ во Москва (видео)

Атлетико Мадрид со фантастични 1:5 победа на гостувањето кај Локомотив Москва го запечати своето место во четврт-финалето на Лигата на Европа, каде што дефинитивно ќе биде еден од тимовите кои се фаворити за трофејот.

„Јорганџиите“ беа блиску до најдобрите осум и по првиот меч на „Ванда Метрополитано“, кој го добија со 3:0, но на гостувањето во Москва беа уште порасположени во нападот за импресивна победа.

Анхел Кореа, Саул Нигуез и Антоан Гризман постигнаа по еден гол, додека ветеранот Фернандо Торес имаше два гола (еден од пенал) за убедлива победа на „Локомотив“ стадионот во Москва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар