21 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦрвена звезда ја декласира Валенсија, Антиќ постигна три коша

Црвена звезда ја декласира Валенсија, Антиќ постигна три коша

Црвена звезда ја декласира Валенсија 106:90 (23:23, 27:25, 29:19, 27:23) во 26.коло во Евролигата. Перо Антиќ постигна една тројка од четири обиди, а за 14 минути на паркетот запиша и пет скока и две асистенции.

Белградскиот тим одигра беспрекорно во второто полувреме, со серија тројки го декласира ривалот и ја забележа 11.победа во сезоната.

Црвена звезда постигна 13 тројки од 24 обиди. Шутерски расположени беа и гостите (12/22 тројки), но во вториот дел Валенсија постигна само две тројки.

Токму со шутот за три поени Валенсија држеше приклучок со рвалот во првиот дел.

Џејмс Фелдин ја предводеше Црвена звезда со личен рекорд оваа сезона, 30 поени. Покрај Фелдин уште четворица домашни кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени: Тејлор Рочести (17 поени, 5 асистенции), Матијас Лесор (16 поени, 7 скока), Милко Бјелица (12 поени, 4 скока) и Дилан Енис (11 поени).

Најефикасен играч на Валенсија беше ветеранот Рафа Мартинез со 22 поени (33/3 за два, 4/6 за три, 4/4 слободни).

До крајот на Евролигата Црвена звезда ќе гостува кај Панатинаикос и ЦСКА Москва и ќе ги пречека Фенербахче и Реал Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП