26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung Galaxy S9 + е поскап од својот претходник

Samsung Galaxy S9 + е поскап од својот претходник

Изработката на најновиот предводник на „Samsung Electronics“ чини повеќе отколку кај претходниот модел, откако јужнокорејската технолошка компанија ја подобри камерата на уредот, тврди компанијата за студии „TechInsights“, цитирана од „Bloomberg“.

Изработка на новиот смартфон „Galaxy S9 +“ чини 379 долари, што е над износот од 343 долари за минатогодишниот „Galaxy S8 +“, посочува „TechInsights“. „S9 +“ има подобар систем на камерата, вклучувајќи компоненти, кои чинат 48 долари наспроти 32 долари кај „S8 +“.

Откако камерите на смартфоните беа доволно подобрени за да се претворат во основните уреди со кои повеќето луѓе фотографираат, битката меѓу „Apple“, „Samsung“ и другите мобилни технолошки компании сега е насочена кон квалитетот на сликите.

Другата област во која се натпреваруваат компании се екраните, иако нивните цени се намалени. Најскапата компонента во „S9 +“ е 6,2-инчниот „OLED“ екран кој чини 72,50 долари. Тој е поевтин од екраните со иста големина на „Note 8“ и „S8 +“, кои чинат соодветно 82 долари и 78,50 долари, тврдат аналитичарите. Вториот е главниот процесор од 68 долари и компонентите на меморијата – 51 долари.

Анализираниот телефон користи процесор создаден од „Samsung“, иако моделите на компанијата од САД претходно користеа процесори на „Qualcomm“. Уредот вклучува чип „Exynos 9810“ на „Samsung“, за кој се смета дека е побрз од минатогодишните модели.

Просечната цена во САД на „S9 +“ кај оператор е 903,30 долари, што укажува дека „Samsung“ има бруто профитна маргина од 58% по трошоците, ценети од „TechInsights“. Освен тоа „Samsung“ го продава уредот на својот веб-сајт за 840 долари, што значи маргина од 55%.

За споредба „Apple“ добива маргина од 61% од „iPhone X“ и 59% од „iPhone 8 Plus“, велат аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП