28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООбјавен списокот со фудбалери за дуелите со Русија и Австрија

Објавен списокот со фудбалери за дуелите со Русија и Австрија

Селекторот на Македонија до 21 година, Благоја Милевски, го објави списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари против Русија (23 март) и Австрија (27 март) за пласман на ЕП 2019 во Италија.

Милевски за овие две средби повика четворица дебитанти (Томас Божиновски, Омар Имери, Милан Ристовски и Есмин Личина).

Првиот собир ќе биде в понеделник од 11 часот во ТЦЦ „Гранд плаза“.

На табелата во Групата 7, Македонија по четири одиграни натпревари се наоѓа на претпоследното место со три бода. Во групата води Србија со 15 поени, пред Русија со 10, Австрија со 9 и Ерменија со 7. Зад Македонија на табелата е само Гибралтар.

На списокот на Милевски се наоѓаат следните фудбалери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП