ФИФА во четвртокот ја објави најновата ранг-луста, на која фудбалската репрезентација на Македонија назадуваше за една позиција.
Македонија на најновата листа ги замени местата со Сирија и сега се наоѓа на 75. позиција.
Можност да го поправи рејтингот Македонија ќе има кон крајот на овој месец кога во Анталија ќе одигра два пријателски натпревара против Финска и Азербејџан.
Од селекциите од поранешна Југославија на листата најдобро котира Хрватска (15. место), Србија (340.), Босна и Херцеговина (41.), Црна Гора (48.), Словенија (62.) и Косово (176.).
Инаку, најдобрите десет во светот ги задржаа местата од претходното рангирање. На првото место е Германија, а потоа следуваат Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска, Шпанија, Швајцарија, Франција, Чиле.