5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси: Четврт-финалето е поважно од мојот 100-ти гол (видео)

Меси: Четврт-финалето е поважно од мојот 100-ти гол (видео)

Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, е пресреќен што успеал да дојде до бројката од 100 гола во Лигата на шампионите, но потенцирал дека пласманот во четврт-финалето е поважен од неговата лична статистика.

Меси во синоќешната победа на Барселона над Челси (3:0) постигна два гола и стана вториот фудбалер во историјата на елитното натпреварување со 100 и повеќе гола. На првото место е Кристијано Роналдо со 117 гола.

„Среќен сум што го постигнав 100. гол во едно вакво моќно натпреварување, меѓутоа најважно е што Барселона е во четврт-финалето. Важно беше рано да ги отвориме и задоволен сум што тоа се случи. Сепак, дури кога го постигнавме третиот гол, сè беше готово“, рекол Меси.

Аргентинецот му се заблагодарил и на менаџерот на Челси Антони Конте и неговите зборови дека тој ја направил разликата помеѓу двата тима.

„Слушнав што кажал и можам само да му се заблагодарам. Единствено што сакав е да се пласираме во четврт-финалето и драго ми е што успеавме“, дополнил Меси.

Покрај Барселона, пласман во четврт-финалето изборија Севилја, Реал Мадрид, Јувентус, Рома, Манчестер сити, Ливерул и Баерн Минхен.

Четвртфиналните двојки ќе бидат извлечени утре во 12 часот во Нион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП