5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИниеста: 30.април е денот Д

Иниеста: 30.април е денот Д

Капитенот на Барселона Андрес Иниеста откри дека на 30.април ќе ја соопшти дали ќе остане во Барселона и по завршувањето на сезоната или по 1996 година кога као 12-години пристигна во каталонската престолнина ќе го напушти клубот.

Иниеста е легенда не само на Барселона, туку и на шпанскиот и светскиот фудбал, еден од најдобрите на својата позиција во историјата, но годините се нешто од што не може да избега.

Конкуренцијата во Барселона е силна, а прашање е дали Иниеста кој во мај ќе наполини 34 години, би прифатил поголем дел од сезоната да седи на клупата за резервни фудбалери.

„Прво мора да го известам клубот, а потоа новинарите. Клубот мора прв да ја дознае мојата одлука. Се до 30.април можам да молчам, потоа ќе излезам во јавноста и ќе ја соопштам одлуката. Ќе се обидам да ја донесам најдобрата одлука“, рекол Иниеста на прес конференцијата по синоќешниот натревар против Челси во Лигата на шампионите.

Инаку изминатите месеци се појавија шепекулации дека доколку замие од Барселона Иниеста има две опции: првата е да замиен во Манчестер Сити кај својот поранешен тренер и добар прјател Пеп Гвардиола и втората да замине во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП