2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОва е сепак е најскапиот фотоапарат во светот иако нема мегапиксели (видео)

Ова е сепак е најскапиот фотоапарат во светот иако нема мегапиксели (видео)

Приватен колекционер од Азија го купил најскапиот фотоапарат некогаш понуден на аукција. Тој во својата колекција го додал исклучително реткиот модел на фотоапарат, „Leica 0-series“ (no. 122), купен по цена од неверојатни 2,4 милиони евра (основна цена од 2 милиони, плус 400.000 евра како премија за аукциската куќа).

Аукцијата се одржала изминатиот викенд во Виена, а на лицитацијата учествувал и Андреас Кауфман, мнозински сопственик и претседател на компанијата „Леика“.

Организаторот на аукцијата, аукциската куќа „WestLicht“ соопшти дека астрономската цена е резултат на фантастичната состојба во која се ноѓал стариот фотоапарат.

Од овој вид на апарати биле произведени само 25 примероци од страна на Ернст Лејка во 1923 година, две години пред првиот официјален „леика“ фотоапарат да се појави на пазарот.

Од аукциската куќа тврдат дека од споменатите 25 примероци, за само три се знае дека и натаму се во оригинална состојба.

Оваа продажба го надмина претходниот рекорд од 2012 година, што исто така и припаѓаше на „Леика“, кога апаратот Leica 0-series (no. 116) беше продаден за 2,16 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП