4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДе Бур: Мурињо потроши една милијарда, а игра ваков фудбал

Де Бур: Мурињо потроши една милијарда, а игра ваков фудбал

Жозе Мурињо синоќа не успеа да ја елиминира Севилја во осмина-финалето во Лигата на шампионите. Екипата од Андалузија го шокира „Олд Трафорд“ и со головите на Бен Једер победи 2:1.

Елиминацијата на Манчестер јунајтед како пенал му дојде на холандскиот стратег Франк Де Бур, кој изминативе дена преку медиумите војуваше со Мурињо.

Кавгата започна кога Де Бур рекол дека Маркус Рашфорд не може да напредува бидејќи не настапува во континуитет кај Мурњо.

Португалецот му одговори дека најлошиот тренер во историјата на Премиер лигата не треба да му се меша во работата.

Одговорот на Мурињо беше понижувачки, а Де Бур бргу доби можност да му одговори. Кога Јунајтед испадна од Севилја, Холанѓанецот кратко коментира.

„Можеби сум најлошиот тренер во светот, но Мурињо потроши една милијарда на својот тим, а игра ваков фудбал“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП