3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелси на „Камп Ноу“, Баварците на излет во Истанбул

Челси на „Камп Ноу“, Баварците на излет во Истанбул

Барселона и Челси вечерва на „Камп Ноу“ ќе го одиграат осминафиналниот реванш во Лигата на шампионите. Барселона е поблиску до пласман меѓу најдобрите осум во Европа бидејќи во Лондон одигра 1:1.

Барселона во првиот меч успеа да извлече позитвен резултат со голот на Меси во 75. минута. Со овој гол Челси испадна од групата на тимови против кои Аргентинецот не постигнал гол во европските натпревари (Атлетико Мадрид, Интер, Бенфика, Ливерпул, Рубин, Удинезе).

Реваншот на „Камп Ноу“ ќе ја реши дилемата дали Барселона четврти пат во последните 18 години ќе го елиминира Челси или „сините“ од Лондон ќе го израмнат скорот на 3:3.

Челси против себе ќе ја има и историјата. Барселона само двапати била поразена на домашен терен од англиските тимови, а има скор од 19 победи и 11 нерешени.

Дека пред Челси е најголемиот предизвик во сезоната, свесен е и менаџарот Антонио Конте.

„Мораме да бидеме многу добри доколку сакаме да му парираме на еден од најдобрите тимови во светот. Подготвени сме да страдаме, како што тоа беше на првиот меч кога бевме речиси совршени. Немаме големо искуство, многумина ја играат втората сезона во Лигата на шампионите и ќе биде неопходно да ја искористиме секоја можна шанса“, рекол Конте.

Барселона, со или без капитенот Андрес Иниеста, ќе се обиде да избори пласман во 11. по ред четврт-финале во Лигата на шампионите.

„Челси е силен противник, многу компактен во одбраната. Хомоген тим. Се надевам дека ќе бидеме на нашето вообичаено ниво и дека ќе се пласираме во следната фаза“, рекол тренерот на Барселона, Ернесто Валверде.

Вториот меч, кој се игра денес, ќе биде чиста формалност бидејќи Баерн во Истанбул му гостува на Бешикташ со предност од 5:0.

Натпреварот во Истанбул ќе започне во 18 часот, а дербито во Барселона се игра во стандардниот термин од 20.45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП