ПочетнаИНТЕРЕСНООблак нема да настапи на гостувањето кај Локомотив

Облак нема да настапи на гостувањето кај Локомотив

Словенецот Јан Облак ќе го пропушти гостувањето на Атлетико кај Локомотив во рамките на осмина-финалето во Лига Европа. Поради проблеми со мускулите, првиот голман не отпатувал со екипата во Москва.

Облак, поради полесна повреда, не бранеше против Локомотив и на првиот меч во Мадрид. Атлетико тој дуел го доби со 3:0 со головите на Саул, Диего Коста и на Коке.

На голот на Атлтико во Москва ќе застане 22-годишниот Аргентинец Аксел Вернер, кој бранеше и на натпреварот на „Ванда Метрополитано“.

Клубот соопшто дека Облак ќе биде подготвен за првенствениот дуле против Вилјареал. Атлетико во 29. коло в недела ќе гостува на „Ел Мадригал“.

Доколку Атлетико се пласира во четврт-финелето во Лига Европа, името на противникот ќе го дознае в четврток.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП