7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо завршувањето на сезоната Дрогба се повлекува

По завршувањето на сезоната Дрогба се повлекува

Некогашниот голгетер на Челси, Дидие Дрогба, изјавил дека кариерата ќе ја заврши во дресот на Феникс Рајзинг по завршувањето на сезоната.

Напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска во два мандата една деценија мина во Челси и успеа да освои по четири титули во Премиер лигата и ФА-купот и една во Лигата на шампионите.

Неодамна тој го прослави 40. роденден.

„Уживам додека играм. Задоволен со улогата на сопственик и фудбалер. Убаво е што сум опкружен со млади фудбалери на кои можам да им пренесам дел од моето искуство. Но, неодамна наполнив 40 години и ова ќе биде последната сезона за мене“, рекол Дрогба за „Телефут“.

Најуспешниот дел од кариерата Дрогба го мина во Челси, а бил играч и на Ле Ман, Генган, Олимпик Марсеј, Шангај, Галатасарај. Во САД е од 2015 година.

За репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска има постигнато рекордни 65 гола на 104 одиграни натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП