3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВилшир си заминува од Арсенал

Вилшир си заминува од Арсенал

Џек Вилшир по завршувањето на сезоната, ќе го напушти тимот на Арсенал. Раководството на тимот реши да ја заврши соработката со 26-годишниот фудбалер чија кариера ја одбележаа повредите.

Вилшир, веројатно, од наредната сезона ќе биде играч на Евертон, кој е подготвен да му понуди неделна плата поголема од 90.000 фунти.

Инаку, Арсенал бил подготвен да го задржи Вилшир, но тој не сакал да се согласи платата да му биде намалена.

Вилшир станал член на Арсенал на деветгодишна возраст, во 2001 година, а по 17 години и 189 одиграни натпревари за првиот тим, реши да замине од Лондон.

Инаку, покрај Евертон, интерес за него покажуваат италијанските тимови Милан, Јувентус и Сампдорија, односно премиерлигашот Саутемптон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП