Фаворитите беа успешни против опонентите на единаесетте одиграни натпревари во НБА-лигата. Ноќта преку Атлантикот ја обележа Расел Вестбрук, кој го забележа 100. трипл-дабл во кариерата. Двоцифрени бројки во три статистички категории имаше и Леброн Џејмс.
Оклахома ја победи Атланта 119:107. Тимот го предводеше Расел Вестбрук, кој стана четвртиот играч во историјата со најмалку 100 трипл-дабл оставрувања во кариерата.
Вестбрук мечот го заврши со 32 поена и по 12 скока и асистенции. Пред него на вечната листа се уште Оскар Робетсон (181), Меџик Џонсон (138) и Џејсон Кид (107).
Трипл-дабл забележа и Леброн Џејмс (28 поени, 13 скока, 11 асистенции), а Кливленд славеше во дуелот со Феникс 129:107.
„Кралот Џејмс“ го забележа 14. трипл-дабл во сезоната, што според овој елемент оваа сезона ја прави најуспешна во неговата кариера.