30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРусија 2018: За овие натпревари веќе нема влезници

Русија 2018: За овие натпревари веќе нема влезници

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека за два од 64 натпревари што ќе се одиграат на Светското првенство во Русија нема повеќе билети.

ФИФА во пресрет на новата фаза на продажба на билети објави дека од септември досега се продадени 1. 303.616.

Билети веќе нема за финалниот натпревар на 15 јули и за првиот натпревар во Д-групата помеѓу Аргентина и Исланд, што ќе се игра на стадионот на Спартак во Москва на 16 јуни.

ФИФА објави дека за овој натпревар можно е контигент на влезници да добијат фудбалските сојузи на Аргентина и Исланд, како и турирстичките агенции.

Новата фаза на продажба на влезници за натпреварите во Русија започна денес.

ФИФА потсети дека според барањето на руските власти секој навивач што ќе присуствува на натпреварите ќе мора да има навивачка лична карта. Тоа ќе биде официјален документ за идентификација.

Навивачите се повикани што побргу да се пријават за да го добијат тој документ, односно ФИФА очекува од нив да се пријават веднаш кога ќе добијат имејл дека нивниот билет е резервиран.

Навивачите само со влезницата и навивачката лична карта ќе може да влезат на стадионите. Навивачката лична карта има свои предност во Русија: безвизен влез во државата, бесплатен превоз во деновите кога се играат натпреварите, бесплатни патувања помеѓу градовите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП