14 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВердер лесно се „справи“ со Келн (видео)

Вердер лесно се „справи“ со Келн (видео)

Вердер Бремен ги доближи Келн до втората лига, откако во понеделничкиот меч во Бундеслигата (против кого се побунија германските навивачи), со 3:1 ги совладаа „Јарците“ да ги „заковаат“ на последното место на табелата.

Милош Вељковиќ во 33. минута донесе водство за домаќините, пред Јуја Осако во второто полувреме да им даде надеж на Келн дека можат да си заминат барем со поен од „Весерстадион“ во 53. минута.

Косовскиот фудбалер Милот Рашица повторно ги донесе Вердер во водство само пет минути подоцна, пред Макс Егештајн во финишот на мечот да го постави конечниот резултат.

Вердер се на 13. место со 30 освоени поени, додека Келн остануваат последни со 17 поени, еден помалку од претпоследниот Хамбургер и седум од безбедната зона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП