5 мај, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПаметните очила на Toshibа со преносен Windows PC (видео)

Паметните очила на Toshibа со преносен Windows PC (видео)

Идејата, која стои зад „Toshiba dynaEdge AR“ паметните очила, е џебниот компјутер „Windows PC“ да се поврзе со преносен дисплеј и добие компјутер кој може да се користи насекаде.

„Toshiba“ минатата година го претстави „dynaEdge Mobile Mini PC DE-100“, кој е мини компјутер со „Intel Core M Skylake“ процесор. Сега компанијата го комбинира со „Toshiba AR100“ паметните очила, а уредот е наменет за деловните корисници.

Паметните очила имаат 0.26-инчен дисплеј со резолуција од 640 x 360 пиксели, но и нуди еквивалент на екран од 4.1 инчи. Oва би требало да биде доволно за преглед на инструкции, навигација или приказ на текст и видео без опструкции на прегледот со остатокот на средината.

„AR100 HMD“ има интегриран и „touchpad“, „GPS“, звучник, два микрофони, 5MP камери, акцелерометар и жироскоп. „Mobile Mini PC“ пристигнува со 4GB дo 16GB RAM, 128GB дo 512GB „SATA M.2 SSD“ простор за складирање и има 802.11ac „WiFi“, сензор за отпечаток на прстот, слот за „microSD“ картичка, приклучок за слушалки „USB Type-C“ и „Type-A“ порти.

„Toshiba dynaEdge AR“ паметните очила во продажба ќе се најдат во вториот квартал, по почетна цена од 1.900 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП