3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСигурдсон ја заврши сезоната, неизвесен и за СП

Сигурдсон ја заврши сезоната, неизвесен и за СП

За играчот на Евертон Гилфи Сигурдсон сезоната е завршена, а според првичните наоди под голем знак прашалник е и неговиот настап на Светското првенство во Русија.

Исланѓанецот имал „многу оштетени лигаменти“ на десното колено. Со повредата се здобил во саботата на натпреварот против Брајтон.

Како што пренесуваат англиските медиуми, братот на Сигурдсон Олафи Мар за порталот football.net изјавил дека се работи за многу потешка повреда од она што претпоставувале во клубот.

Многу веројатно е дека ќе биде потребна и операција што значи дека паузата би можела да изнесува девет месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП