22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОКако Реал Мадрид ќе најде 400 милиони евра за Нејмар?

Како Реал Мадрид ќе најде 400 милиони евра за Нејмар?

Се повеќе се зголемуваат медиумските списи за трансферот на Нејмар од Париз Сен Жермен во Реал Мадрид.

Вчера во Франција напишаа дека Бразилецот одлучил повеќе да не го облекува дресот на клубот од Париз. Според весникот „AS“, претставниците на „кралевите“ се состанале со играчот на ПСЖ. Цената на Нејмар од страна на сопствениците на ПСЖ изнесува 400 милиони евра. Во денешното издание, „АЅ“ анализира како раководството на Реал ќе ги пронајде овие 400 милиони.

Во текот на летото на „Сантијаго Бернабеу“ се очекуваат сериозни промени. Шпанското издание очекува дека клубот ќе добие повеќе од 200 милиони евра од продажбата на најмалку половина играчи. Герет Бејл и Иско се проценети на 75 милиони од „трансфермаркт“ и Карим Бензема на 50. Само продажбата на овие тројца ќе донесе околу 200 милиони во касата на „кралскиот клуб“.

Кејлор Навас, најверојатно, ќе се искористи за операција во доведувањето на Дејвид де Хеа или Тибор Куртоа.

Маркос Љоренте (15), Борха Мајорал (7,5) и Даниел Себајос (17) исто така ќе бидат на пазарот. Флорентино Перез не учествуваште во последните бомбастични трансфери во Европа и сега ќе се фрли со „свежи сили“ кон бразилскиот фудбалски гениј.

Според францускиот „Ле Парисиен“, спортскиот директорот на ПСЖ, Антеиро Енрике го споделил мислењето дека Нејамар може да го напушти „Паркот на принцовите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП