3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНаполи ја губи трката за титулата (видео)

Наполи ја губи трката за титулата (видео)

Интер и Наполи ремизираа без голови во дерби натпреварот одигран во рамките на 28.коло во Серија А.

Нерешениот резултат не им одговара на двата тима, бидејќи Наполи остана зад Јувентус во трката за титулата, а Интер зад Лацио во борбата за четвртата позиција.

Дербито на „Џузепе Меаца“ не ги оправда очекувањата, а Наполи покажа дека не се опоравил од поразот од Рома во минатото коло.

Наполи ја контролираше топката, но Интер ги промаши шансите за победа. Кандрева не реализираше во 37.минута, а Шрињар во 48.минута го погоди дирекот.

Единствената вистиска закана ја имаше во 67.минута преку Инсиње, кој од добра позиција го префрли Хандановиќ, а топката заври над голот.

Јувентус претходно со головите на Дибала го победи Удинезе со 2:0 и со натпревар помалку на врвот има бод повеќе од Наполи. „Старата дама“ в среда го игра одложениот натпревар против Аталанта и доколку победи разликата во однос на Наполи ќе биде четири бода.

Интер по 28. коло има 52 бода, еден помалку од Лацио кој се наоѓа на четвртото место на табелата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП