27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСилва херој на Милан (видео)

Силва херој на Милан (видео)

Фудбалерите на Милан во фото-финишот ги освоија трите бода на „Мараси“ во Џенова. За тимот на Џенова до 81.минута настапи капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев.

Тимот на Џенаро Гатузо бргу се врати по поразот од Милан во Лига Европа и успеа да слави на тешкото гостување во Џенова. Милан имаше посед од 67 отсто, седум удари кон голот на противникот, Џенова само два, но мрежите мируваа се до последните секунди.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Андре Силва во 94.минута. Интересно ова беше првиот гол за Португалецот во Серија А.

Милан со четвртата победа во низа се искачи на шестата позиција на табелата..

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП