28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо четири години Шарапова го смени тренерот Греневелд

По четири години Шарапова го смени тренерот Греневелд

По поразот во првото коло на турнирот во Индијан Велс, руската тениска дива, Марија Шарапова реши да се раздели со својот долгогодишен тренер, Свен Греневелд.

„По четири успешни и тешки години заедно, би сакала да му се заблагодарам на Свен за неговата лојалност, за работната етика, но и за пријателството кое го формиравме. Заеднички решивме дека треба да се разделиме, но повторувам дека имав среќа што работев со таков лидер“, напиша Шарапова на својот веб-сајт.

Работите не одат најдобро за Русинката по враќањето од 15-месечната суспензија за позитивниот тест на мелдониум, откако таа успеа да се искачи само до 41. место на ВТА-листата.

Греневелд пред Шарапова работеше со Моника Селеш, Аранча Санчез Викарио, Мери Пирс, Ана Ивановиќ и Каролине Вознијацки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП