3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШалке се зацврсти на второто место во Бундеслигата

Шалке се зацврсти на второто место во Бундеслигата

Шалке е сè поблиску до обезбедувањето на неофицијалната „титула“ најдобар во Германија зад Баерн Минхен, откако победија со минимални 1:0 на гостувањето кај Мајнц, кој грчевито се бори за опстанок.

Човек на одлука за тимот од Гелзенкирхен беше Даниел Калигури, кој имаше одличен соло-пробив во 55. минута и со прецизен удар го совлада голманот на домаќините, Флоријан Милер.

Со 13-тата победа во шампионатот, Шалке се зацвсти на второто место во Бундеслигата, со 46 поени, дури 17 поени зад Баерн Минхен, но сепак, со солидни четири поени пред Борусија Дортмунд и Ајнтрахт Франкфурт, кои викендов ги играат своите натпревари.

Мајнц е на 16-тото место со 21 поен, исто колку што има и 15-пласираниот Волфсбург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП