4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРома со убедлива победа над Торино (видео)

Рома со убедлива победа над Торино (видео)

Рома го отвори 28. коло во италијанската Серија А со убедлива 3:0 победа над Торино остварена благодарение на одличното второ полувреме.

Костас Манолас го постигна првиот гол за Рома во 56. минута од мечот откако највисок по една акција пред голот на „биковите“, по што прослави во солзи за својот поранешен соиграч, капитенот на Фиорентина, Давиде Астори, кој почина минатиот викенд од срцев напад на 31 година.

Ветеранот Даниеле де Роси зголеми на 2:0 по една неуспешна офсајд стапица на гостите во 73. минута, пред Лоренцо Пелегрини во 93. минута да стави печат на убедливата победа по брза контра на „волчицата“.

Со победата, Рома останува на третото место во Италија со 56 поени, 12 помалку од второпласираниот Јувентус и 13 помалку од лидерот Наполи (кого го совладаа во минатото коло). За Торино ова е трет пораз во низа и тимот останува на 9. место со 36 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП