3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКимих ја продолжи соработката со Баерн до 2023 година

Кимих ја продолжи соработката со Баерн до 2023 година

Џошуа Кимих ја продолжил соработката со Баерн. 23-годишниот фудбалер се обврзал во Минхен да остане до јуни 2023 година.

Кимих, кариерата ја започна во Штутгарт, а во Баерн се пресели од Лајпциг во 2015 година. Тој ја наследи позицијата на пензионираниот капитен Филип Лам, а по потреба може да игра во редот за врска и како централен дефанзивец.

Минатата сезона навивачите го избраа за најдобар германски фудбалер, а со националниот тим ја освои титулата на Купот на Конфедерации.

Сезонава настапил на 33 натпревари, а во статистиката запишал четири гола и 13 асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП