Европскиот вицешампион Борусија Дортмунд одлучи да ги задржи најдобрите играчи во тимот и со адекватни засилувања повторно да бидат конкурентни во трката за титулата во Германија и во Европа.
За тоа сведочи и продолжувањето на соработката со Гундоган и Ројс кои потпишаа повеќегодишни договори со „милионерите“. Нивните откупни клаузули сега изнесуваат по 45 милиони евра.
Откако останаа без Марио Гетце, а најверојатно и без Роберт Левандовски во Дортмунд сакаат да ги задржат останатите важни фудбалери, а тренерот Јирген Клоп заедно со спортскиот директор Михаел Корк работат на засилувањата за наредната сезона.
Веќе на „Сигнал Идуна Парк“ пристигна дефанзивецот Сократис Папастапопулос за 9.5 милиони евра, а близу до потпис е и Кевин де Бруин. Клоп го следи и суперталентираниот Данец, Кристијан Ериксен од Ајакс, како и Бразилецот Бернард од Атлетико Минеира.
Исто така стручниот штаб на Борусија во наредната сезона сериозно ќе смета и на младиот Јонас Хофман кој е од нивната академија, а оваа сезона тој влезе во сениорскиот тим и доби шанса за настап на неколку средби.