13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСерена со победа се врати на ВТА- турнирите

Серена со победа се врати на ВТА- турнирите

Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс, со победа се врати на ВТА- турнирите по паузата од 14 месеци.

Серена на мастерсот во Индијан Велс ја совлада Зарина Дијаз од Казахстан во два сета (7:5, 6:3).

Дијаз успеа да ѝ парира на Серена, особено добро на теренот дејствуваше во првиот сет, период во кој Казахстанката не успеа да искористи неколку топки за брејк.

Клучен момент во првиот сетбеше 11. гем кога Серена ѝ го одзеде сервисот на противничката, а потоа лесно го доби својот сервис за водство од 1:0.

Во вториот сет Серена двапати го губеше својот сервис, но трипати ѝ го одзеде почетниот удар на противничката. Клучниот брејк го направи во седмиот гем, а потоа рутински го заврши мечот.

Во наредното коло Серена Вилијамс ќе игра против 29.носителка, Кики Бертенс од Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП