4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул не го послушале скаутот и ги „утнале“ Роналдо и Пике

Ливерпул не го послушале скаутот и ги „утнале“ Роналдо и Пике

Ливерпул ги отфрлиле советите да потпишат договори со Кристијано Роналдо и Жерард Пике, вели скаутот Алекс Милер, кој ги понудил советите за трансфер. Милер бил дел од скаутскиот тим под Рафа Бенитез на „Енфилд“, а претходно работел како главен за трансфери на менаџерот Жерар Улие.

Тогаш тој ги забележал талентите на Роналдо и Пике, пред главните ривали Манчестер јунајтед да потпишат договори со нив.

Сега Пике и Роналдо се на спротивните страни во шпанското ривалство Реал Мадрид-Барселона, но би можеле да бидат легенди на Ливерпул доколку бил послушан Милер.

„Го забележавме Жерард Пике и се обидовме да го донесеме. Шпанската делегација со која беше на младинскиот турнир, мислам дека беше предводена од неговиот дедо. Тој не ми даде дозвола бидејќи Јунајтед веќе беа на случајот. Им го донесов Кристијано Роналдо како можност, но тие не послушаа. Тоа е минато, но јас веднаш им го препорачав кога го видов на младински турнир“, вели Милер за „ЕСПН“.

Роналдо и Пике, двајцата најуспешни играчи во Лигата на шампионите, не се единствени за кои „Црвените“ имале шанса. Ливерпул се обидел да ги донесе Џон Тери и Петр Чех додека биле јуниори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП