24 јуни, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПознати се цените за новиот Huawei P20 зa европскиот пазар

Познати се цените за новиот Huawei P20 зa европскиот пазар

Кон крајот на овој месец, поточно на 27-ми март, „Huawei“ ќе ги претстави новите паметни телефони од серијата „P“, и тоа два модели од премиум класата – „P20“ и „P20 Pro“, и еден со малку послаби карактеристики – „P20 Lite“.

Во последните месеци имаше доста информации за хардверот со кој ќе биде опремена оваа „тројка“, а сега пристигнува и вест за сумата која ќе биде потребна да се издвои за новите модели на кинескиот гигант.

Цените за европскиот пазар ги објави германскиот техно-блогер Роланд Квант. Според неговите информации, „P20 Lite“ ќе чини 369 eвра.

Основниот „P20“ ќе се продава за 679 eвра, a неговата „Pro“ верзија дури 200 евра повеќе – 899 евра.

„P20“ и „P20 Pro“ се засновани на чипсетот „Kirin 970“ и ќе има по две (P20), oдносно три (P20 Pro) задни камери.

Благодарејќи на шпанскиот „Vodafonе“, неодамна беше објавено дека „P20 Lite“ ќе има две задни камери од 16MP и 2MP, како и предна со резолуција од 16MP.

Откриено е дека екранот на новиотсмартфон ќе има дијагонала од 5,84-инчи „FHD+“ резолуција.

„P20 Lite“ ќе биде опремен со 4GB RAM и 64GB интерна меморија, а ќе има батерија со капацитет од 3.000 mAh.

Софтверот во сите три уреди за основа ќе го има „EMUI 8.0“, зад кој се наоѓа „Android 8.0 Oreo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар