9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМаркус Гинјард ги инспирираше младите кошаркари на меѓународниот турнир организиран од „Нова“

Маркус Гинјард ги инспирираше младите кошаркари на меѓународниот турнир организиран од „Нова“

ЦИЕАШ Кошаркарскиот турнир за средношколци организиран од „Нова“ е официјално отворен

Размената на искуства е водечката сила која е толку опиплива што може секој да ги прави работите кои најмногу ги сака. Затоа Кошаркарот на Работнички, Маркус Гинјард, денес се обрати пред младите на ЦИЕАШ Кошаркарскиот турнир за средношколци организиран од „Нова“ во ВИП Арена „Борис Трајковски.

„Имав помалку од 5 години кога прв пат ја фатив кошаркарската топка во моите раце и од тогаш сè уште е со мене. Мојата фамилија, моите пријатели и моите колеги секогаш биле катализаторот за секоја одлука која ја имам направено на професионален план. Тие ме движат низ животот и колку и да се далеку сега, јас го чувствувам тоа, и затоа сакам да го споделам со вас. Секој еден од вас е одговорен за себеси, но и за тој до вас, пред вас, и за тие зад вас. Животот е како кошарката каде ја подаваш топката на некој друг, шутираш, даваш сè од себе, тренираш и работиш напорно за да ја оствариш целта, да победиш. Ако се повредиш, ако изгубиш, треба да станеш и да повториш сè, никогаш да не се предадеш. Прави го тоа што те прави среќен и прави го често, прави го толку многу за тоа да биде тоа што ќе ги направи твоите соништа толку реални што ќе можеш да ги почувствуваш во сопствените раце.“, порача Маркус Гинјард на отворањето.

ЦИЕАШ Кошаркарскиот турнир за средношколци организиран од „Нова“ ќе се одржи од 8ми до 10ти март во ВИП Арена „Борис Трајковски“. Вкупно 6 тима од Бугарија, Латвија, Украина, Турција, Азербејџан и Македонија, вклучувајќи ја „Нова“, ќе учествуваат на турнирот. Организаторите веруваат дека овој настан ќе им помогне на студентите да ги развијат своите способности и дека тие се клучни, покрај спортскиот дух, да покажат истрајност, емпатија, свртувајќи ја нивната перспектива за да ги вклучат сите околу нив.

dav

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП