4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШоу на Јокиќ и Леброн во Колорадо (Видео)

Шоу на Јокиќ и Леброн во Колорадо (Видео)

„Револверашката“ пресметка во Колорадо помеѓу Леброн Џејмс и Никола Јокиќ му припадна на еден од најдобрите играчи во историјата и на неговиот тим Кливленд Кавалирс кој славеше над Денвер Нагетс 113-108.

Кливленд беше тимот што го диктираше ритамот во првиот дел од натпреварот кога успеа да стекне предност од 15 поени. Во вториот дел се „појави“ Јокиќ кој со 17 поени во оваа четвртина го врати Денвер во натпреварот.

Во финишот на мечот Кливленд стекна нова предност кога неговите играчи погодија три тројки, а потоа Леброн ги реализира последните девет поени за својот тим.

Леброн го предводеше Кливленд со 39 поени, 8 скока и 10 асистенции, а на спротивната страна Јокиќ забележа 36 поени, 13 скока и 6 асистенции.

Кливленд е трет на Истокот со 38 победи и 26 порази, пред Кавалирс се Бостон Селтикс (45-20) и лидерот Торонто Репторс (47-19).

Денвер има 35 победи и 30 порази и е на деветтото место на Западот, со победа помалку од ЛА Клиперс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП