6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСо пресврт против Тотенхем, Јувентус обезбеди место во четвртфиналето во ЛШ

Со пресврт против Тотенхем, Јувентус обезбеди место во четвртфиналето во ЛШ

Јувентус сите го „отпишаа“ уште по првиот натпревар во Торино, кога и покрај 2:0 водството, Тотенхем извлече 2:2, но „старата дама“ покажа дека е тим за респект во Лигата на шампионите откако на преполниот „Вембли“ успеа да го елиминира фаворизираниот англиски тим.

Италијанскиот шампион немаше удар во рамката на голот во првото полувреме, а Кореецот Сон Хеунг-Мин по две стоотстотни шанси погоди во 39. минута да донесе водство од еден гол разлика на полувремето, резултат со кој Спарси сигурно одеа во четврт-финалето.

Меѓутоа, ништо не е готово додека не запее „старата дама“. Гонзало Игуаин во 64. минута ја круниса добрата акција на својот тим со гол, а само три минути подоцна Пауло Дибала успешно „избега“ од офсајд-стапица за да донесе 1:2 водство за Јувентус.

До крајот на мечот, Тотенхем, кои под водство на тренерот Маурисио Почетино играат атрактивен и напаѓачки фудбал, се обидоа да ја скршат стабилната одбрана на гостите, меѓутоа без учинок.

Искуството на Јувентус во европските натпреварувања го направи своето и сега тие го чекаат својот противник во четврт-финалето, додека Тотенхем ќе се обиде солидната европска сезона да ја круниса со нов пласман во Лигата на шампионите, односно ќе може да се фокусира на Премиер лигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП