7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCoca-Cola ќе произведува алкохолни пијалоци за прв пат во својата 125-годишна историја

Coca-Cola ќе произведува алкохолни пијалоци за прв пат во својата 125-годишна историја

Најголемата компанија за производство на безалкохолни пијалаци, „Coca-Cola“, планира да произведе алкохолен пијалок за прв пат во својата 125-годишна историја, објави „ВВС“.

Потегот ја одразува желбата на компанијата да се искористи се поголемиот интерес кон „Chu-Hi“ – конзервирани и ароматизирани пијалаци, во кои има доза од локален алкохол наречен „shochu“. Производот е обично со јачина на алкохол помеѓу 3% и 8%.

Извршниот директор на „Coca-Cola“ во Јапонија рече дека овој потег е „скромен експеримент за одреден сегмент на нашиот пазар“.

„Досега не сме експериментирале во категоријата пијалоци со низок процент на алкохол, но тоа е пример за тоа како продолжуваме да ги испитуваме можностите надвор од нашите главни области“, рече Жорже Гардуно, претседател за Јапонија на „Coca-Cola“.

Малку е веројатно дека пијалакот ќе се продава надвор од Јапонија.

„Chu-Hi“ – кратенка за „shochu highbal“- кој се продава како алтернатива на пивото, што е особено популарно кај жените.

Јапонските големи компании за пијалоци, вклучувајќи ги „Kirin“, „Suntory“ и „Asahi“, имаат различни пијалоци и продолжуваат да експериментираат со стотици вкусови.

Фразата „алкопоп“ обично се поврзува со слатки, но алкохолни пијалоци, а во 90-тите години во Велика Британија се појавија слични брендови како „Hooch“, „Reef“, „Smirnoff Ice“ и „Bacardi Breezer“ станаа многу популарни.

Сепак, тие се критикувани за охрабрување на младите луѓе да пијат алкохол во големи количини, бидејќи тие се премногу лесни да се консумираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП