17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо го израмни рекордот на Ван Нистелрој

Роналдо го израмни рекордот на Ван Нистелрој

Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, во синоќешната победа над ПСЖ (2:1), израмни уште еден рекорд во Лигата на шампионите.

Португалецот, на последните девет натпревари во елитното натпреварување има постигнато најмалку еден гол, со што го израмни рекодот на поранешниот голгетер на Манчестер Јунајтед, Руд ван Нистелрој. Холанѓанецот својот рекорд го постави пред 15 години.

Неверојатната низа Роналдо ја започна во минатогодиното финале против Јувентус, кога постигна два гола, а ја продолжи оваа во која веќе има постигнато 14 гола: против АПОЕЛ четири, Борусија Дортмунд три, Тотенхем два и ПСЖ три.

Да остане сам на врвот на оваа листа листа Роналдо ќе треба да постигне гол во првиот меч од четврт-финалето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП