4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Реал триумфално низ Париз, без голови на „Енфилд“ (видео)

ЛШ: Реал триумфално низ Париз, без голови на „Енфилд“ (видео)

Екипите на Реал Мадрид и Ливерпул се првите патници во четврт-финалето од најелитното европско клупско натпреварување, откако во реваншите си го поврдија пласманот во следната фаза.

Реал Мадрид се пласираше во четврт-финалето на Лигата на шампионите, откако и во реваншот успеа да го совлада супер-богатиот тим на Пари Сен-Жермен со 2:1 на „Паркот на принцовите“.

Кристијано Роналдо постигна гол во рекорден деветти натпревар во низа во Лигата на шампионите, покажувајќи дека го чува најдоброто за елитното европско напреварување, за да донесе водство од 0:1 во 51. минута со кое двомечот беше практично решен, бидејќи во првиот меч Реал триумфираше со 3:1.

Португалскиот гениј со ова стави крај на европските соништа на клубот кој потроши стотици милиони евра на засилувања, и го израмни рекордот на својот поранешен клупски колега, Руд ван Нистелрој, кој постигна голови во девет последователни меча во ЛШ во сезоната 2002/03.

Невозможната задача на ПСЖ по ова стана уште потешка кога Марко Верати доби втор жолт картон во 66. минута, меѓутоа домаќините имаа среќа и по една „карамбол-акција“ Единсон Кавани израмни на 1:1.

Сите надежи за „атомски финиш“ беа потопени во 80-тата минута од мечот, кога Касемиро го постави конечниот резултат.

 

Ливерпул и Порто одиграа меч без голови на „Енфилд“, но патникот во четврт-финалето на Лигата на шампионите беше познат уште по првиот меч, кога „црвените“ го демолираа португалскиот шампион со 5:0 среде Порто.

Тимот на Јирген Клоп само ја заврши формалноста за пласман меѓу осумте најдобри во Европа во меч без многу возбуди во кој Ливерпул како да се „чуваше“ за големото дерби со Манчестер јунајтед во текот на викендот.

Садио Мане, човекот кој имаше хет-трик на „Драгао“, беше најблиску до голот во првото полувреме, кога неговиот топовски удар се одби од пречката. Најдобриот стрелец на Ливерпул, Мо Салах беше оставен на клупата сè до последните 17 минути од мечот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП