ИНТЕРЕСНО

Ѓоковиќ веројатно ќе настапи на Индијан Велс

Новак Ѓоковиќ еден месец по операцијата на лактот, веројатно, ќе настапи на првиот Мастерс во сезоната во Индијан Велс.

Српскиот тенисер е поставен за десетти носител, тој е слободен во првото коло, додека во второто че игра против квалификант.

Потенцијален противник во третото коло му е Кеи Нишикори, а во осмина-финалето со голема веројатност ќе го чека Хуан Мартин дел Потро, иако можни противници му се и Фабио Фоњини и Адријан Мараниро.

Во четвртфиналето може да налета на Марин Чилиќ, Доминик Тим или Томаш Бердих, а во полуфиналето на Григор Димитров, Кевин Андерсон или Ник Кирјос.

Ѓоковиќ во вторникот тренирал заедно со сонардникот на терените во Индијан Велс.

Мастерсот во Индијан Велс ќе почне на 8 март.