22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОДефанзивец на Милан e под лупа на Реал Мадрид

Дефанзивец на Милан e под лупа на Реал Мадрид

Миланскиот дефанзивец Алесио Ромањоли се најде во тефтерот на претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез. Шефот е свесен дека клубот треба да ја засили последната линија во текот на летото и токму Италијанецот е прва цел.

Пред тоа „кралевите“ имаа интерес за Леонардо Бонучи, но сега Ромањоли го помести искусниот соиграч како најпосакуван од Реал. На „Сантијаго Бернабеу“ веруваат дека е подобро да се земе млад и перспективен фудбалер кој ќе биде основен столб во одбраната за долги години.

Бонучи, исто така, тврди дека е среќен во Милано под раководство на Џенаро Гатузо и нема намера да си замине.

Милан нема голема желба да се раздели со 23-годишниот Ромањоли. Клубот сепак може и да размисли доколку добие солидна понуда, бидејќи ќе треба да се почитуваат правилата за финансиски ферплеј и ќе има потреба од свежи средства, особено ако сака да го засили тимот во текот на летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП