10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООтворена истрага за смртта на Астори, постојат сомнежи за убиство

Отворена истрага за смртта на Астори, постојат сомнежи за убиство

Главниот обвинител на Удине, Антонио де Николо, изјави дека е отворена кривична постапка по смртта на 31-годишниот италијански фудбалер Давиде Астори поради сомневања за убиство.

Обдукцијата ќе биде извршена утре по што ќе се знае точната причина за смртта на Астори кој почина во сон во хотелот во Удине, пред натпреварот со Удинезе во Серија А.

„Отворивме кривична постапка поради можност за убиство од небрежност. Тоа е неопходен чин. Засега е отворена постапка против непознато лице. Дговоривме аутопсија и наскоро ќе бидат објавени резултатите“, рекол Де Николо за италијанскиот радио „Раи“.

Тој вчера изјави дека е изненаден од смртта на Астори затоа што станува збор за професионален спортист.

Астори ќе биде погребан в четврток во Фиренца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП