24 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 05.03.2018

Дневен хороскоп 05.03.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Можете да очекувате поволен ден за остварување на деловните цели. Среќата ќе ве следи постојано. Во љубовта можно е да сте прекршиле некое ветување и саканото лице поради тоа да е повредено.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Можно е да се случуваат некои промени кои не сте ги очекувале и ќе се прашувате дали деловната стабилност ви е загрозена. Со саканото лице ќе имате несогласувања поради љубомората и недовербата кои и двајцата ги чувствувате.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Пред вас е важен разговор со надредените. Потрудете се критиките да ги прифатите на позитивен начин. Во љубовта се појавиле некои нови проблеми во вашиот брак но и понатака не сте подготвени да се откажете од идејата за среќно семејство.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Можно е да ве фаќа нервоза и да немате доволно самодоверба. Ќе морате да поработите на ставот. Ве очекуваат промени кои долго сте ги посакувале во љубовта. Можете да се надевате на добар однос со Лав или Јарец.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Расположени сте за деловни промени и лесно ќе покренувате иницијатива. Можете да очекувате поволна деловна атмосфера. Многу отворено ќе ги покажувате своите емоции и партнерот е среќен поради вас.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Можно е сега на некој начин да страдате поради некои потези во минатото, но на грешките се учи. Во љубовта се можни мали кавги со саканото лице но нема назнаки за сериозни проблеми.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Имате големи амбиции и подготвени сте да бидете доволно тактични и трпеливи за еден ден да ги остварите. Пред вас е бурна фаза кога станува збор за полето за љубов. Ве очекуваат драстични промени и пресврти.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Можни се помали проблеми во комуникацијата со соработниците но со доволно дипломатија се може да се реши. Во љубовта имате впечаток дека саканото лице не е доволно искрено кон вас.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Кога ќе завршите некои важни работи ќе ви биде многу полесно. До тогаш ќе функционирате под мал притисок. Саканото лице сака да одите чекор понатака. Размислете добро дали сте подготвени за тоа.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Склони сте на донесување на брзоплети одлуки. Некои ситуации можат да испаднат далеку подобри отколку што мислите. Денот не е поволен за почеток на нова врска, но атмоферата може да биде одлична доколку сакате смирување со поранешниот партнер.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Можно е многу работи да не бидат онакви како што очекувате. Важно е да бидете доволно смирени и трпеливи. Доколку сте слободни посакувате нови љубовни случувања и се чувствате прилично осамено.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Можно е да кажете некои работи кои не ги мислите. Недоразбирањата и конфликтите со соработниците не можат да ви донесат ништо добро. Во љубовта најмногу ќе ви одговара чувството на слобода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП