8 јуни, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОАсамоа се договори со Интер

Асамоа се договори со Интер

Фудбалерот на Јувентус, Квадо Асамоа најверојатно ќе се пресели во Интер по завршување на сезоната.

29-годишниот играч од средниот ред ќе стане слободен играч во текот на летото, а според информациите од Апенините, тој веќе ги договорил своите лични услови со „нероаѕурите“. Договорот е со времетраење од 3 години, а Асамоа ќе добие 3 милиони евра за сезона.

Африканецот имаше понуда од Галатасарај пред неколку месеци, но потоа одлучи да останат во Јуве. Сепак, раководството на „старата дама“ не му понуди нов договор, што го принуди Асамоа да си побара нова средина каде што ќе ја продолжи кариерата.

Со цел да се реализира договорот со Интер, се чека само одобрение од кинеската компанија „Suning“, која е сопственик на Интер.

Асамоа игра во Италија веќе 10 години. Тој помина 4 сезони во тимот на Удинезе, потоа потпиша со Јувентус и освоил 5 титули со „бјанконерите“.

Во тековната сезона Ганецот има 12 натпревари во Серија А и само еден во Лигата на Шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП