
Гензебе Дибаба од Етиопија го освои златниот медал на Светското првенство во сала, што се одржува во Бирмингем, во трката на 3.000 метри.


Гензебе Дибаба од Етиопија го освои златниот медал на Светското првенство во сала, што се одржува во Бирмингем, во трката на 3.000 метри.
Дибаба, вчера, победи со време 8:45.05 и трет пат во кариерата го освои најсјаното одличје во оваа дисциплина.
Среброто и припадна на Сифан Хасан од Холандија (8:45.68 минути), а до бронзата стигна домашната натпреварувачка Лора Мјур (8:45.78 минути).