22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал ќе продолжи да се самофинансира

Арсенал ќе продолжи да се самофинансира

Арсенал ќе ја продолжи својата политика за самофинансирање во битката со зголемените трансферни суми, изјави претседателот на клубот Чипс Кезуик.

Според неговите зборови Арсенал има пад во прометот од 23,4 милиони фунти, што е поврзано со првото непласирање на тимот во Лигата на Шампионите по 20 години. Сепак клубот од Премиерлигата регистрира профит пред оданочување од 25,1 милиони фунти за шест месеци, период кој заврши на 30-ти ноември, а паричните резерви пораснаа до 137,6 милиони фунти, што е за 37,1 милиони повеќе до 2016-та година.

Тоа се должи на заштедените пари од плати по продажбата на играчи како Алекс Окслејд-Чембрлејн, Војчех Шчесни, Кирон Гибс и Габриел Паулиста. Резултатите сепак не ги вклучуваат јануарските трансфери, каде Арсенал даде 56 милиони фунти за Пјер Емерик Обамејанг.

Кезуик призна дека резултатите на тимот на фудбалскиот терен не се задоволителни, но раководството на клубот и мнозинскиот сопственик Стен Кронке продолжуваат да ја следат политиката на ограничено трошење, за да имаат трајна стабилност.

„Да се ​​собори на два пати за една сезона трансферниот рекорд покажува само едно – ние сме решени да направиме така дека Арсенал повторно да се бори за титулата во Премиерлигата. Нашата стратегија за постигнување на оваа цел, сепак не се сменила. Ние продолжуваме да се потпираме на самофинансирање и треба да ги прифатиме сите тешкотии кои ќе излезат пред нас“, рече Кезуик.

Арсенал е надвор од борбата за титулата во Англија, така што заостанува со 27 поени зад лидерот Манчестер Сити и се наоѓа на 10 поени од четвртиот на табелата Тотенхем, како најдобара шанса пред „топџиите“ за пласман во Лигата на шампионите останува освојувањето на Лига Европа. Сепак, во полуфиналето, Арсенал ќе има тежок ривал во италијанскиот Милан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП